Македонија лани го зголемила прометот на странските пазари, додека на домашниот имало опаѓање. Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година бележи пораст од 74,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,2%. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, изнесува 102,6. Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2013, во однос на јануари 2012 година, бележи опаѓање од 3,4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 5,2%. Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,2%, Капитални производи за 10,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,1%.
Македонија лани го зголемила прометот на странските пазари, додека на домашниот имало опаѓање.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година бележи пораст од 74,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 0,2%.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, изнесува 102,6.
Индексот на прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2013, во однос на јануари 2012 година, бележи опаѓање од 3,4%, а индексот на прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 5,2%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2013 година, во однос на јануари 2012 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 14,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 26,2%, Капитални производи за 10,8% и Трајни производи за широка потрошувачка за 19,1%.
Во трговијата на мало, пак, во јануари 2013 година, во споредба со јануари 2012 година, гледано по групи и класи, намалување на прометот е забележано во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 7,5%, а реално за 10,6%) и трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 3,2%, а реално за 7,1%).
Во трговијата на мало, во јануари 2013 година, во споредба со јануари 2012 година, пораст на прометот е забележан во групите: трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво и трговија на мало со автомобилски горива.